Skip to main content

Ракометарот Иван Тасески избран за најдобар спортист за 2015та година

Сојузот на спортови од Охрид денес ги додели признанијата на заслужните спортисти кои измината година успешно го презентираа Охрид на домашни и меѓународни натпреварувања.

 |  Мишел Наумоски  | 
sportisti na godinata

Сојузот на спортови на Охрид ги избра најрепрезентативните спортисти за 2015та година. Со неговите одлични настапи за ракометниот клуб “Охрид 2013”, наградата најдобар спортист за 2015та година ја доби ракометарот Иван Тасески кој заедно со неговите соиграчи и стручниот штаб годинава бележат историски успеси во најсилната ракометна лига во земјава. Атлетичарката Мартина Мироска пак беше избрана за најуспешна спортистка за годинава што изминува. Доминацијата на РК Охрид 2013 се чини беше неизбежна, па така нашите гладијатори го добија и признанието за најдобра екипа, а нивниот тренер, Горан Андоноски беше избран за најдобар тренер за изминатава година. Фудбалскиот стручњак Ацо Гаврилоски го доби признанието за животно дело за неговиот придонес во развојот на фудбалската игра во Охрид. Дел од наградените беше и градоначалникот Никола Бакрачески кој доби признание за особен придонес во развојот на спортот во Охрид.

sportist na godinata“Нема развој на ниту едно општество, ниту на една заедница без адекватен развој на спортот. Поаѓајќи од тој постулат за кој што сум убеден дека е така, и за кој верувам дека и вие го делите моето мислење, решивме во изминатите години и годините кои доаѓаат според нашите развојни програми да вложуваме во спортот, како еден од столбовите за развој на општеството односно заедницата во Охрид. Бидете уверени дека ќе продолжиме да вложуваме во спортот и понатака со уште позасилено темпо, и со многу повеќе активности за кои сметам дека неизбежно ќе дадат резултати.”-вели градоначалникот Бакрачески. 

Коста Карадимче од Сојузот на спортови на Охрид, вели дека Охрид конечно почна да има спортски случувања како што историјата памети дека некогаш имало во градот. Токму затоа тој вели дека се обидуваат што е можно подобро и потемелно да ја организираат оваа манифестацијата.

sojuz na sportovi“Се трудиме изборот за спротист на годината го унапредиме што е можно повеќе, така да човечкиот фактор има многу мало внимание. Се надевам, а и на тоа работи управниот одбор на Сојузот на спортови, да за наредниот избор за најуспешен спортист, секој ќе може сам да си ги определи бодовите според постигнатите резултати. Мораме да го вклучиме и јавното мислење, преку електронските медиуми со јавно гласање, и предлози, да не ни се случи да некого заборавиме, затоа што во претходниот период работевме и одлучувавме врз основа на доставени апликации, за избор на најуспешни спортисти.”-рече Карадимче. 

nagradeni sportistiСпортските награди за 2015та година продолжуваат со наградата за најдобри спортски презентери на Охрид, награди кои ги добија Димитар Камнаровски во пливање и Филип Василевски во алпинизмот. За настан на годината во Охрид беше избрано европското првенство во кошарка во Б дивизија, награда која отиде беше доделена на ЈП Билјанини Извори. Најдобри спортисти поединечно беа фудбалерот Туран Абдула, кајакарот Петар Николоски и Васко Попоски од стрелачите. Наградата најдобар спортски работник ја доби координаторот на детската фудбалска лига Наум Јанкулоски. Наградите не би биле комплетни без младите спортски надежи од Охрид. Од нив, наградени беа: Мартин Ѓоргиески (фудбал), Виктор Наумоски (фудбал), Ѓоко Бешироски (фудбал), Наум Костов (ракомет), Илија Рупев (спортски риболов), Мартина Петров (стрелаштво), Мартин Патчев (кајак), Артан Алиу (кик бокс), Христијан Чолески (бразилско џиу џицу) и Горан Вранишкоски (карате).