Skip to main content

Ракометниот клуб Охрид 2013 потпиша договори со четворица играчи во сениорската лига

Ракометниот клуб Охрид 2013 потпиша договори со четворица играчи во сениорската лига.

 |  Валентина Неловска  | 

Ракометниот клуб „Охрид 2013“ потпиша договори со 4 ракометари  кои ќе играат во сениорскат лига и   8 стипендии со  јуниори. Во новата ракометна сезона Ракоментиот клуб Охрид 2013 ќе биде засилен  со  играчите Александар Стојаноски, Бобан Блажески и двајцата  интернационални играчи  Јосип Кедиќ и Марко Коветиќ.  Се очекува да продолжи  успешната ракометна сезона за клубот, кажа Љупчо Танески кој од пред два дена е новиот претседател на УО и претседател на клубот.

„Она што е новина по долгогодишна работа на тренерот е со пионерите  и младинските категории за прв пат ќе  потпишаат стипендии , договори со кадети и млади кои потекнуваат од РК Охрид 2013. Со тоа  покажуваме дека како град се грижиме за спортските клубови и спортот во Охрид. Ракометниот клуб може  да биде успешна приоказан и да се темели на сопствени играчи“, напонема Танески.

Горан Андоноски, тренерот на клубот е задоволен од потпишувањето на стипендиите за јуниорите. Радува  фактот што се е поголем бројот на талентирани играчи во ракометниот клуб Охрид кои се  од градот.

„ Ова да биде поттик и за другите деца кои тренираат во школите на РК Охирд. Секој нивен напредок внимателно го пратиме и ќе потпишуваме договори. Договорите се потпишуваат на 4 години. Не сакаме она што го вложуваме во нашите играчи да ни го земат поголемите клубови. По тие 4 години нека одат  ама да дадат допринос за нашиот град од каде потекнуваат“,  напоменува Андоноски.  

Спортскиот директор на клубот Ѓоко Апостолов се заблогодари на сите досегашни помагатели на клубот. Ги повика и останатите бизнисмени  да се приклучат и да го искористат  новиот закон за финансирање на спортот кој е на сила од 1 јануари оваа година.

„ Сите кои пријавиле и плаќаат данок на добивка 40 посто од данокот може да го пренасочат кон спортските клубови.  40 посто во ракометот , ова е апел до сите  до бизнисените да го помагаат клубот“, повика Апотолов.

Од раководството на РК „Охрид 2013“ напоменуваат дека клубот нема  финансиски потешкотии  и дека локалната самоуправа води грижа за исплата на платите и давачките кон играчите.