Skip to main content

Ракометниот Супер Куп ќе се игра во Охрид

Охрид ќе биде домаќин на ракометниот Супер куп, кој што минатата година не се одржа поради пандемијата од корона вирусот и воведените рестриктивни мерки.

 |   | 

Натпреварот помеѓу шампионот Вардар и финалистот од Купот на Македонија, Еурофарм Пелистер ќе се игра во СРЦ „Билјанини извори“.

Денот на одржување е 11-ти август, а поради овој двобој и Струшкиот турнир ќе се игра еден ден подоцна од планираното.

Досега се одиграни три Супер Куп дуели, а сите титули ги освоија најтрофејниот клуб Вардар. Во првиот ваков натпревар, Вардар во 2017 го победи Еурофарм Работник со 30-25, во 2018 славеше над Металург со 33-24, а во 2019 беше подобар од истиот ривал со 26-24.

 

извор: 24rakomet