Skip to main content

ЈП Охридски Комуналец

Расчистена дива депонија во касарна

Од јавното претпријатие постојано апелираат до граѓаните да не фрлаат кабаст и зелен отпад во и покрај контејнерите и на јавни површини и ги потсетуваат дека на на располагање им стојат дежурните телефони 075 495 428 и 075 397 944 за пријавување на кабаст и зелен отпад.
 |  инфодеск  | 
депонија

Расчистена уште една дива депонија. Несовесни граѓани го злоупотребиле просторот од поранешната касарна каде се ослободиле од отпад од уредување на градини и градежен шут. Екипа на ЈП Охридски Комуналец подигнала од просторот 16м3 отпад.

„Денес расчистена дива депонија на просторот од поранешната касарна, каде беше расфрлан кабаст и зелен отпад и градежен шут. Во расчистувањето беа ангажирани два трактори, багер и двајца комунални работници.“ – информираа од ЈП Охридски Комуналец.

Од јавното претпријатие постојано апелираат до граѓаните да не фрлаат кабаст и зелен отпад во и покрај контејнерите и на јавни површини и ги потсетуваат дека на на располагање им стојат дежурните телефони 📞075 495 428 и 📞075 397 944 за пријавување на кабаст и зелен отпад.