Расчистена дивата депонија во населба Даљан за која пред три дена реагираа граѓани и екологисти.
Повторно нашите екипи расчистуваа дива депонија од градежен шут создадена од несовесни граѓани во населба Даљан, во близина на крајбрежниот појас. Во повеќе наврати е интервенирано на истата локација, но грдите слики се повторно дел од нашето секојдневие – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Оттаму посочуваат дека интервенирано е по реакција на невладина организација со која претпријатието има потпишано меморандум за соработка во полето на заштита на природата и одржување на чист и зелен Охрид.