Јп охридски комуналец
Расчистена дивата депонија во Даљан
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ расчистија дива депонија од градежен шут создадена од несовесни лица во населбата Даљан.
Расчистена дивата депонија во населба Даљан за која пред три дена реагираа граѓани и екологисти.
Повторно нашите екипи расчистуваа дива депонија од градежен шут создадена од несовесни граѓани во населба Даљан, во близина на крајбрежниот појас. Во повеќе наврати е интервенирано на истата локација, но грдите слики се повторно дел од нашето секојдневие – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Оттаму посочуваат дека интервенирано е по реакција на невладина организација со која претпријатието има потпишано меморандум за соработка во полето на заштита на природата и одржување на чист и зелен Охрид.



