Ти си твојот град
Расфрлано ѓубре околу банкомат на Стопанска банка
Ѓубре расфрлано околу банкоматот, корпата за отпадоци преполна, а контејнерите се само на неколку метри. Кој треба да исчисти?
До рубриката „Ти си твојот град“ денеска пристигнаа фотографии на кои се гледа вистински неред со расфрлано ѓубре околу банкоматот на Стопанска банка на бул. „Туристичка“ кај скалестата зграда. Ова е коментарот од наши сограѓани кои ни ги испратија сликите.
Вака изгледа банкоматот на Стопанска банка откако се затвори експозитурата во скалестата зграда на бул. „Туристичка“. Повторно нашата (не)култура излегува на виделина. Ѓубре расфрлано околу банкоматот, корпата за отпадоци преполна, а контејнерите се само на неколку метри. Кој треба да исчисти? – велат револтирани охриѓани.
Во продолжение погледнете ги сликите!