Skip to main content

Раскрсницата кај новата автобуска станица опасна по живот

Раскрсницата кај автобуската станица, проблем за пешаците. Тие мака мачат како да ја преминат бидејќи нема соодветна сигнализација. Од Локалната имаат идеи за овој проблем, но никако да го решат. Ќе импровизираат некакво сообраќајно решение со летниот режим на сообраќај кој и оваа година ќе се носи без претходно изготвена сообраќајна студија.

 |  Јаковлева Лионела  | 
raskrsnica
раскрсница

Раскрсницата кај новата автобуска станица опасна по живот. Граѓаните кои ја преминуваат велат дека е невозможна мисија да поминиш од едниот до другиот крај на коловозот. Нема семафори речиси и да нема пешачки премини, а возачите развиваат голема брзина бидејќи оваа сообраќајница е магистрален пат. Од Фондот за комунален развој знаат за овој проблем.

Моментално е обележана со хоризонтална и вертикална сигнализација према постоечките можности. За тој дел уште од порано беше разгледувана можноста за кружен тек но бидејќи бензинската пумпа од Мак петрол е на приватен имот треба да се изврши експропријација и треба да се превземат големи зафати за да се реши овој проблем со кружна раскрсниза, вели Томе Змејкоски од Фондот за комунален развој и сообраќај.

Од Локалната додаваат дека нема пари за започнување на процесот на експропријација па по се изгледа ништо од изградбата на кружен тек на оваа опасна раскрсница. Сега се бара некое привремено сообраќајно решение заедно со сообраќајната полиција кое ќе биде вклопено во летниот режим на сообраќај кој се изготвува. На следната седница предлогот за овогодинешниот режим ќе биде доставен до советниците па тие ќе одлучат дали ќе биде прифатен или не.раскрсница

Генерално остануваме на постојните сообраќајни решенија. Ќе има само мали измени кои се разгледуваат од страна на службите задолжени за тоа, вели Змејкоски

Инаку, долгонајавуваната сообраќајна студија во која требаше да бидат сериозно опфатени и обработени сите сообраќајни проблеми во градов и за истите да бидат изнајдени најсоодветни решенија, никако да го види светлото на денот. Не се најде таков кој што ќе ја изработи. Пропаднаа и двата јавни повици кои ги распиша Локалната за нејзино изготвување. Оние кои се занимаваат со оваа проблематика велат дека  не се пријавуваат на тендерите бидејќи добро ја знаат финансиската состојба на Општината па се плашат дека доколку се пријават и го добијат тендерот општината нема да им исплати за сработеното. Нема сообраќајна студија затоа пак ќе има импровизирани сообраќајни решенија. Останува и возачите и пешаците да се надеваат на добра среќа.

{loadposition content9}