Распеано рибарче по 14ти пат
На крајот на месец април децата, а и возрасните ќе имаат можност да уживаат во најновото издание на детскиот фестивал, Распеано рибарче. Се работи со полна пареа за на крај да се понуди уште еден квалитетен музички производ. Има многу идеи и за збогатување на содржините на овај фестивал.
Детскиот фестивал Распеано рибарче ќе се одржи по 14ти пат. Се е подготвено за новото издание на кое ќе запеат 18 учесници. Песните се со најразлични содржини, а детските гласови и хорот веќе се снимени. Останува уште да се доуреди уметничкиот дел. Интензивно се работи и на кореографијата. Директорот на фестивалот, Колчо Петкуќески вели дека се се прави за да се понуди нешто ново и поквалитетно од минатите изданија на Распеано рибарче.
Во организацијата на фестивалот работат луѓе со долгогодишно искуство. Се работи со голема сериозност и професионализам за на крај да се добие едно неповторливо доживување и на публиката која ќе го следи фестивалот, а и на учесниците.
Петкуќески вели дека има многу идеи како би се збогатил фестивалот и со други пропратни содржини. На пример добро би било да се организира еден ликовен конкурс на тема Распеано рибарче, па да се избере најдобар цртеж кој би бил награден. Да се избере и едно од децата кое најдобро танцува, додава Петкуќески. Исто така се размислива да се отвори уште еден детски фестивал само дечиња од градинките кои се на возраст од 4 до 7 год, а и уште еден за оние кои пак се веќе големи да настапуваат на Распеано рибарче, а мали за на Охрид фест. Тоа би бил еден тинејџерски фестивал. Сите овие планови можат да се реализираат, вели Петкуќески само се потребни финансиски срдства.
Инаку, детскиот фестивал Распеано рибарче ќе се одржи од 25ти до 28ми Април.
{loadposition content9}