По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишaн годинешниот Конкурс за најдобар расказ.
Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ.
Авторското право се докажува со четвртиот примерок. Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2023 г. Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 08.08.2023 г.
Доставените трудови не се враќаат.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.