Skip to main content

Центар за култура григор прличев охрид

Распродадена претставата Енергични луѓе

Претставата „Енергични луѓе“ која ќе се одигра на 3-ти март е веќе распродадена. Следната изведба е закажана за 17-ти март, почеток 20 часот.
 |  инфодеск  | 
Енергични луѓе

Претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски која е закажана за петок (03.03.2023) е распродадена. Од Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид информираат дека претставата ќе биде ставена повторно на репертоарот поради зголемен интерес. Следната изведба е закажана за петок (17.03.2023) со почеток во 20.00 часот.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.

Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.

Картите по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Без резервации.