Новите методологии за утврдување на минималната плата и пензиите резултираа со раст на примањата на граѓаните за месец март. Постојано расте и просечната плата.
Пензиите за месецов ќе пораснат за скоро седум проценти, а со претходните покачувања тоа означува дека за една година пензионерите ќе добијат зголемување од минимум 16 проценти. Новата методологија за пензии беше донесена во март 2022 година, по претходна согласност со Партијата на пензионерите, Сојузот на пензионерите и веќе дава резултати. Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6.8%, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. Штом измените стапија на сила минатата година покачувањето изнесуваше 2,9 проценти и сега се доаѓа до зголемување на пензиите од ниво до 16 проценти.
Со новата методологија пензијата се утврдува со 50 проценти како резултат на растот на инфлација и 50 проценти во сооднос со растот на просечната плата.
Минатата година направивме системски модел за раст на пензиите и во време на криза во два наврата се покачија пензиите за 10%. Сега во март ќе има раст од 7%. Кај сите 334 илјади пензионери со мартовската пензија ќе има пораст од 7% – рече во телевизиско гостување заменикот министер за финансии Филип Николоски, додавајќи дека за оние со помали пензии веќе била доделена финансиска помош со антикризните мерки.
Кон крајот на октомври минатава година, Владата ги опфати и пензионерите како дел од категориите граѓани на кои им следува финансиска помош за справување со последиците од енергетската криза.
Целата анализа на следниот линк!