Skip to main content

Растат цените на недвижностите на брегот на Охридското Езеро

Екстра луксузните апартмани на најатрактивните локации на брегот на Охридското Езеро достигнаа цена од рекордни 4000 евра квадрат. Цените на недвижностите и натаму растат, но интересот за купување е голем.
 |  инфодеск  | 
Охрид

Растат цените на недвижностите на брегот на Охридското Езеро. Екстра луксузните апартмани на најатрактивните  локации достигнаа цена од  рекордни 4000 евра од  квадрат. Цените на становите  се движат од 1200 до 2500 евра, зависно од локацијата,  староста и квалитетот на градбата.  

Најскапите апартмани кои се нудат со отворен поглед кон езерото  се наоѓаат  во склоп на  современи ресорти.

-Се работи за исклучителни објкети екстра луксузни ресорти од највисок ранг и стил кои што на клиентите им нудат комфорт релаксација и тоа е добро за Охрид што конечно имаме таква понуда бидејки имаме клиенти кои имале такви барања., вели Наташа Спасеска агент за недвижности.

Причината за високите цени е намалената понуда, а зголемената побарувачка. И покрај скапотијата недвижности се купуваат. Добрите познавачи прогнозираат дека нема да има намалување на цените.

– Најдобро е нивните заштедени средства да ги инвестираат во недвижен имот кој што претставува инвестиција од најцврста валута која што вредност постојано расте во иднина со оглед на сето ова,  јас сметам дека не можеме да очекуваме цените на недвижностите во Oхрид ќе одат надолу, додава Спасеска.

Врз поскапувањето влијание  имаат и порастот на цените на градежните материјали, инфлацијата, но и препораките на Унеско, новите станбени објекти се со многу помал габарит и катност.

Новинар Соња Рилковска