Растат приходите од туризмот во државната каса
Голем удел во тој дел имаат туристичките објекти од охридско-струшкото крајбрежје.Хотелиерите од регионов очекуваат во 2020 приливот на средства од туризмот да порасне и до 10 проценти повќе во споредба со оваа година на заминување.
Македонските хотелиери задоволни од остварениот приход во туризмот во оваа година. Во нагорна линија оди приходот во државната каса од ова економска гранка. Во тоа голем удел има нашиот регион, вели Крсте Блажески, директор на хотел Дрим и претседател на ХОТАМ.
„Очекуваме 2019 туризмот во Македонија да надмине 300 милиони евра. Од кои голем дел учество имаат туристичките објекти на охридско-струшкото крајбрежје. Следната година очекуваме според најавите да е уште подобра од 5 до 10 проценти“, вели Блажески од Хотам.
Најчести посетители на нашето крајбрежје се гостите од соседството, нагласуваат хотелиерите. Според статистичките податоци за католочкиот Божик за прв пат на нашето крајбрежје во пораст е бројот на гости од соседна Грција.
„Сместувачките капацитети се резервирани уште во месец декември. Уште од овој месец аранжманите за Нова Година и се распродадени. Има интерес за нашето крајбрежје. За католички Божик за прв пат иамваме повеќе Грци статистички од претходните години, “вели Љупчо Цветаноски, сопственик на хотел Климетица.
Бројот на гостите расте, пред се, заради добрата промоција на Агенцијата за поддршка на туризмот, а и хотелите вложуваат во подобрување на квалитетот на услугите со изградба на базени и спа центри. Гостите најчесто резервираат 3-4 дневни аранжмани, а цените се скоро исти како минатата година.