Расте бројот на сиромашни, најпогодени многудетните семејства и самохраните родители
Економската криза го зголемува бројот на сиромашни. Изминативе десетина години бројот на социјално загрозени семејства во Охрид е речиси двојно зголемен, од 400 се искачил на 600 семејства на кои им е неопходна помош. Најпогодени се многудетните семејства, заедници со болни и инвалидизирани лица и самохраните родители.
Од 2000 до 2500 луѓе секојдневно се борат со глад а голем е бројот и на оние кои имаат проблеми, но се срамат да побараат помош.
„Економската состојба не само во нашата држава туку и пошироко налага да расте бројот на луѓе кои што се справуваат со социјално еконмски проблеми. Следствено на тоа се зголемува притисокот на оние организации кои што се занимваат и трудат на помогнат на луѓето, пред се тоа е Црвениот крст. Преку цела година имаме голем број на граѓани, на луѓе во социјален ризик кој то бараат најразлични видови на помош, од прехрамбени производи, облека, здравствени услуги, лекови итн. Сето тоа се обидуваме да излеземе во пресрет” , вели Сашо Точков претседател на Црвен крст Охрид.
Социјално ранливите најчесто бараат помош во храна, прехрамбени и хигиенски производи но голем е бројот и на оние лица кои бараат помош за здравствени проблеми како оперативни зафати и транспорт до клиники . Од Црвениот крст од Охрод апелираат до граѓаните да бидат хумани и да се вклучат со донации.
„ Најбројни се луѓето кои не можат да се прехранат луѓе кои имаат економски проблеми не работат од различни причини или имаат пореметување или инвалидитет. Имаме самохрани мајки кои имаат повеќе деца и не можат да се прехранат. Имама нејразлични бројни категории. Акции хуманитарни за прибирање на одредени средтсва ги вршиме и редовно и вонредно завиосно од потребите. Одзивот е добар, но може да биде и подобар секогаш може и повеќе така да апелирам и повикувам сите оние кои имаат и може да спдоелат со добрина со оние кои што немаат тоа многу ќе значи”, додава Точков.
Волонтерите од општинскиот Црвен крст на терен спроведуваат низа активности со цел да се подигне јавната свест за немаштијата и социјално загрозените семејства и да се изнајдат фондови за да им се помогне, дистрибуирајќи им пакети со храна.
Новинар Соња Рилковска