Skip to main content

Расте бројот на заболени од грип

Расте бројот на заболени од грип во Охрид. Според матичните лекари, симптомите со кои најчесто се јавуваат пациентите се силна болка во грлото, малаксаност и висока температура. Погодени се сите возрасти, од млади до повозрасната популација. Кај децата сега стагнира болеста, бидејќи се на распуст.
 |  инфодеск  | 
Грип

Голем број заболени од грип во земјава, а расте бројот на заболени и во Охрид. Преку 70 пациенти дневно имаат на преглед матичните лекари, а пикот велат се уште не е ни достигнат.

Според матичните лекари, симптомите со кои најчесто се јавуваат пациентите се силна болка во грлото, малаксаност и висока температура. Погодени се сите возрасти, од млади до повозрасната популација. Кај децата сега стагнира болеста бидејќи се на распуст.

Има многу пациенти, имаме навала на пациенти во просек седумдесеттина прегледи, некогаш повеќе, некогаш помалку. Симптологијата е карактеристична за грипот. Она што е најбитно е дека започнува изненадно и одеднаш. Пациентите се жалат на болки во мускулите и зглобовите, висока температура, болка во грло, исцедок од нос и сува кашлица. Ова се симптоми кои што се карактеристични за грипот и се најизразени во првите два дена – вели Кристина Митреска, матичен лекар од Охрид.

Пациентите добиваат симптоматска терапија и препораки да останат дома. Разликата меѓу сегашниот грип и короната е што истиот не предизвикува бронхопневмонии, но подолго трае, ама без хоспитализации.

Маски за високоризични пациенти кои се со повеќе коморбидитети кои што се во поодмината возраст. Препорачуваме и носење маски во затворен простор за да се заштитат. Првите симптоми кога ќе ги добијат првите два до три дена доколку температурата е супфебрилна или до 38 степени, немаат отежнато дишење, немаат тешки симптоми, треба да останат дома. Да земаат превентивно витамини, чаеви и одмор. Доколку температурата трае повеќе од три четири денови да се јават на лекар. А доколку одма со самиот почеток имаат тешко изразени симптоми, да се јават на лекар одма – додава Митреска.

Советот од лекарите е носење маска во затворени простории болници и аптеки, топла облека, здрава храна, витамини и топли напитоци. Пикот на грипот се очекува да биде кон средината на февруари. 

Новинар : Соња Рилковска