Skip to main content

Соцјијала

Расте бројот на социјално загрозени лица во Охрид

Расте бројот на социјално загрозени лица кои бараат помош од Црвениот крст во Охрид. Економската криза, го зголеми нивниот број.
 |  Голабовски Крсте  | 
Социјално загрозени лица

Расте бројот на граѓани кои бараат помош од Црвениот крст. Економската криза, поскапувањето и инфлацијата го зголемија бројот на социјално загрозени граѓани во Охрид.

Во општините Охрид и Дебрца моментално има околу 600 семејства од ранлива категорија.

Најпогодени се многудетните семејства и стари лица, на кои децата им заминале во странство, па имаат потреба од нега. Црвениот крст им помага и на бегалците од Украина. Во Охрид има 22 лица, кои ја напуштиле родната земја поради воениот конфликт.

Имаме 22 лица бегалци од воениот конфликт, кои што се на различна возраст. Имаме деца и возрасни луге преку 60 години. Нив им ги понудивме сите оние услуги кои што ние ги нудиме бесплатно, хумнаитарни пакети, здравствени услуги во соработка со министерството за здравство бесплатни здравствени услуги во јавните установи”, – додава Точков.

Со цел да се обезбеди дополнителна помош за ранливите категории на граѓани викендот што следи Црвениот крст организира голема хуманитарна акција во соработка со една текстилна компанија, чии производи ќе бидат продавани по симболична цена.

Социјална помош

„На 14 мај најавуваме една голема хуманитарна продана акција која што традиционално ја правиме со „КофиАнгел” реномиана компанија од Македонија која што ги нуди производите на Црвен крст за да можеме по некои симболични цени како подготовка на оние кои издаваат апартмани да се подготват за престојната сезона. Таа продажба ке биде на 11 мај во сабота од 09 до 18ч на плоштадот Крушевска република во Охрид кај Чинарот” – , додава Точков.

Поголемиот дел од собраните средства ќе се донираат за граѓаните од социјален ризик и бегалците од Украина кои престојуваат во Охрид.

Новинар Соња Рилковска