Skip to main content

Еко спортови на вода

Расте интересот за едрење на Охридското Езеро но недостига наутичка инфраструктура

Охридското Езеро е најголемиот и најдобриот спортски терен за водените спортови,  но се уште недоволно искористен. Недостига наутичка инфраструктура. Потребни се  сидришта и создавање подобри  услови за развој на спортот.
 |  инфодеск  | 
едрење Охридско Езеро

Расте интересот за едрење на Охридското Езеро, но недостига наутичка инфраструктура. Потребни се  сидришта и создавање подобри  услови за развој на спортот. Едрилиците се еко пловила, со нив нема загадување, ниту нарушување врз еко системот на водените ресурси. Токму затоа треба да се вложува во набавка на едрилици и развој на едриличарството.

Охридското Езеро е најголемиот и најдобриот спортски терен за водените спортови,  но се уште недоволно искористен.

divono

„Едрилиците не само што се украс туку тие се обележје на Охрид. Едрењето е олимписки спорт, а пред се еколошки спорт. Од година во година расте интересот, не само кај најмладите туку и кај повозрасните. Од година во година се зголемува и бројот на едрилиците, можноста за сидрење на тие едрилици е комплицирана заради немање на наутичка инфраструктура и тоа не само на Охридското Езеро туку и на сите езера во земјава. Се подготвуваме сега за почеток на активностите, ние немаме лошо време имаме само лоша опрема. Може да најавиме дека ќе имаме школа за едрење за деца од 07 до 18 години и имаме школа за едрење за возрасни со можност за добивање на скиперски дозволи”, вели Стефан Ставрев од Акватика Јахтинг.

edrilica_kaneo

Едриличарите најавуваат голем број настани,  регати за олимписките класи и меѓународната класа оптимист, кои ќе се одржат оваа сезона во Охрид.

„Покрај тоа што организираме дома регати, да речам од домашен карактер имаме и меѓународни регати, но и настапуваме на регати од меѓународен карактер во соседните држави. Дел од членовите на Акватика Јахтинг се дел од македонската едирличаркса федерација. Пред неколку денови се вративме од Изола Словенија, каде што се натпреварувавме во европско првенство во класа Илка 4 каде имаше настап на 400 млади едриличари од цела Европа. Исто така се подготвуваме и за настап на отворено првенство на едриличари од Југоисточна Европа во Србија, каде што ќе настапиме со седум или осум едриличари”, вели Ставрев.

Првите импровизирани едрилици запловиле по Охридското Езеро во далечната  1937 година. Тоа биле кајчиња на кои било поставено платно.Во четириесеттите години од минатиот век Охрид бил град на едрилици, раскажуваат постарите едриличари.

Новинар Соња Рилковска