Расте интересот за основно музичко образование. Се повеќе деца се запишуваат во ОМУ „Методи Патче” во Охрид. Школото брои 300 ученици, а најголем интерес има за пијано.
ОМУ Методи Патче годинава ќе одбележи шест децении постоење.
„Интресот во охридското музичко училите е постојано голем имаме многу кандидати, дури имаме и аудиција на која ги бираме најдобрите, најталентираните деца да го посетуваат музичкото училиште. Во текот на годините музичкото училиште се развивало, имаме оваа година уште еден отворен смер за пијано а најголемиот интерес е токму за пијано и се надеваме следната година да имаме уште поголема бројка”, вели Наум Џуклески, директор на ОМУ Методи Патче од Охрид.
Пијано, хармоника, флејта, кларинет, гитара и виолиниа се основните музички интрументи ис емрови кои ги нуди охридското музичко училиште. ОМУ Методи Патче денес е расадник на музички таленти во земјава, а за тоа се доказ бројните признанија и награди од државни и меѓународни натпревари.
„Секоја година нашите ученици учествуваат на многубројни меѓународни и државни натпревари. Бројката е навистина импозантна и нашето училиште се смета за едно од најдобрите во земјава на што и јас и целиот колектив сме горди”, вели Џуклески.
Во минатото имаше идеја за отворање на средно музичко училиште во Охрид, но таа до ден денес не е реализирана. Средно музичко училиште има во соседна Струга.
Директорoт вели дека музичкото училиште располага со стручен кадар и со доволен број инструменти, а особено го радува фактот што од година во година бројот на запишани деца расте. Џуклески вели заедно со својот тим ќе работи на подобрување на условите во училиштето.
Новинар Соња Рилковска