Skip to main content

Расте конзумацијата на вино кај македонците

Расте конзумацијата на  вино кај македонците.

 |  Валентина Неловска  | 

Конзумацијата на вино во Македонија оди во нагорна линија. Земјата со своите климатски предизпозиции располага со високо квалитетни сортни вина, но кутурата кон виното сеуште се гради кај нас. Во моментов недостасува навиката за пиење на пенушливи сорти на вино, а побарувачката на белите и црните сортни вина засега е подеднаква. Расте побарувачката и на розе вината. Статистиката покажува дека македонците пијат годишно 10 литри вино по глава на жител, посочува Јани Богевски директор на винаријата Кралица Марија од Демир Капија.

„ За нас е ниско, но се повеќе се зголемува на ниво на државата и се надеваме во наредниот период ќе се зголемува. Македонија е извозник на вино и се надеваме дека трендот ќе продолжи. Работиме на пласманот  и на домашниот и на странскиот пазар“, вели Богевски.

Интернационалниот вински консултант Ивана Симјаноска е задоволна од моменталните трендови во произдводството на вино во земјава. Инвеститорите постојано работат на подобрување на домашното производство сортни вина , но и на технологијата. Меѓу нив е и ребрендираната Кралска Винарија Кралица Марија од Демир Капија, напоменува Симјаноска.

„Квалитетот на вината на национално ниво во последниве години е зголемен. Се појави винаријата која има модерна технологија, има  прекрасна подзаборавена историја. Но има шанси да се прераскаже и да се направи спој на традицијата и на модерното. Квалитетот на нивните вина е на високо ниво. Едносортни вина, чисти кој го задоволуваат вкусот на љубителите на доборото вино“ ,вели Симјаноска.

Охриѓани имаа можност да ги дегустираат нивните вина и да ја одбележат 90 годишнината од ребрендираната винарија. Маја Јанчева, туристички менаџер од кралската винарија Кралица Марија, напоменува дека прават напори за оживување на целиот комплекс во туристички цели.

„ Винаријата е посетена се слуша за неа, а работиме на тоа добриот глас уште подалеку да се чуе“, подвлекува Јанчева.

Кралската винарија Кралица Марија покрај пласманот на вината дома, извезува и во САД, Шведска, Холандија, на околните пазари во Србија, БиХ, Црна Гора. Се прават одбиди за пласман на вината и на Рускиот пазар и на далечниот Исток.