Размена на искуства и знаења за УИНТ „Св.Апостол Павле“
Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и компанијата „Ведел ИТ“ потпишаа меморандум за соработка.
Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и компанијата „Ведел ИТ“ потпишаа меморандум за соработка.
Оваа соработка се заснова на размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовна, практична, научна и техничка соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство.
Примарната цел на овој меморандум е да се официјализира соработката помеѓу Универзитетот и „Ведел ИТ“ и да се овозможат услови за заедничка работа во стручни и научни проекти, имплементација на практикантска програма за студенти, презентација на практични искуства, како и унапредување на едукативните и апликативните активности од областа на информатичките науки и технологии од страна на потписниците.
„Ведел ИТ” е данска компанија специјализирана во создавање на талентирани и високо професионални тимови во сферата на ИТ, е предводена менаџерски тим составен од експерти со меѓународно искуство, од кои се обезбедува западна копрпоративна култура.
„На наше огромно задоволство со потпишувањето на овој меморандум за соработка се офцијализира соработката меѓу нашата компанија со еден современ, интернационален реномиран Универзитет, со која пред се се креираат совршени можности за детектирање на високо талентирани и образовани професионалци и нивно вклучување во ИТ индистријата, во светски рамки – вели Асаф Адеми , менаџер на „Ведел ИТ“.
{loadposition content9}