Skip to main content

Разни моторни возила возат на рекреативната патека

Разни моторни возила возат на рекреативната патека.

 |  Валентина Неловска  | 

Загрозена безбедноста на пешаците на рекреативната патека. Во вечерните часови , но и среде бел ден се забележуваат моторни возила кои се движат по пешачката зона за рекреација. Од СВР Охрид се согласуваат дека од страна на несовесни возачи се вози на рекреативната патека и најавуваат позачестени контроли и санкции за прекршителите. Од трите приоди кон патеката само на еден има прописно поставен сообраќаен знак , а на останaтите два од Рача и хотелскиот комплекс Парк сигнализација нема. Изостана и бетонските жардинери кои беа заштитена бариера од несовесните возачи. Поставувањето на сообраќајните знаци е во ингеренции на Локалната самоуправа , информира Стефан Димоски портпаролот на СВР Охрид.


„Надлежност е на Локалната самоуправа до кога ти е ќе ги постават знаците дотогаш не почитувањето на поставените знаци ќе е предмет на превентивни мерки на полициските службеници“, напоменува Димоски.

Портпаролот Димоски потенцира дека во меѓувреме ќе ги интензивираат контактите со ЛС во решавање на овој сообраќаен проблем.


„ За рекреативната патека ќе пристапиме во поинтензивна комуникација и ќе побараме што побрзо поставување на сообраќајните знаци. Се до тој момент ќе бидеме присутни на терен и нема да дозволиме возила да возат на рекреативната патека“, напоменува Димоски.

Од почетокот на месец јуни до сега полициските службеници изрекле 4 сообраќајни пријави против возачи кои непрописно се движеле и паркирале на овој потег, информира Стефан Димоски. Казните за несовесните возачи се движат од 150 до 180 евра.