Skip to main content

Разнишана бизнис климата во охридското стопанство

Клуч на врата ставиле голем број приватни  стопанственци во првите шест месеци од годинава. Затворени се  бизниси од најразлични стопански и услужни дејности, а  февруари бил најкритичниот  месец за затворање на голем број фирми. Според податоците од  централниот регистер за Охрид најголем број избришани фирми  има од услужните дејности – ресторани и продавници.

 |  Валентина Неловска  | 

233 фирми се избришани, а само 90 се основани во Централниот регистер во Охрид, во првите 6 месеци од годинава. Бизнис климата во градот била неповолна и ги погодила најмногу услужните дејности. Пандемијата од Ковид 19 предизвика тешка екомомска состојба и ги принуди да стават клуч на врата и стопанственците од најразлични други дејности. Според податоците од Централниот регистер за Охрид најголем број избришани дејности има во услужниот сектор како што се затворени ресторани и продавници.

Февруари бил најкритичниот месец кога над 160 стопанственици морале да ги затворат своите фирми. Биле згаснати 20 ресторани и 13 трговски објекти на мало. Биле затворени и други дејности како туристички агенции и издавачки дејности. Во истиот месец биле регистрирани само 5 фирми, меѓу кои медицинска и адвокатска дејност, и салон за поправка на моторни возила.
На почетокот од годината во месец јануари биле основани над 20 нови бизниси во различни дејности, а 14 биле избришани.

И во месец март податоците од Централен регистер покажуваат дека има поголем број избришани , 41 дејност, а помал број на ново регистрирани фирми, само 15.
Април е месец со еднаков број фирми, со по 6 избришани и основани фирми од различни дејности.
Најоптимистички бил месец мај за отварње на бизнис дејсности за 23 основани фирми и само 2 избришани. Јуни, исто така е месец каде што заживува бизнис климата и се оторени 20 дејсности меѓу кои пекари, кампови, ресторани, трговија на мало, произвдоство на елктирчна енергија, специјализирани продавници ,а биле затворени 9 фирми меѓу кои гардежни фирми, патнички воден сообраќај , медицинска дејност и трговија.

За ТВМ Телевизија од Централен регистар кажуваат дека и покрај пандемијата во светски рамки, Охрид е жив град, каде економијата бележи проток. Покрај згаснувањата на правните субјекти, паралелно се основаат нови. Особено тоа е нагласено во последното тромесечје, април, мај и јуни, месеци кога после вонредните мерки, луѓето започнаа да се враќаат на своите работни обврски, почитувајќи ги сите насоки и мерки на претпазливост.