Skip to main content

Развојот на туризмот – тема на трибина


„Развојот на туризмот во Охрид и владините мерки кои се преземаат во оваа област“, тема на трибина.

 |  Маленкова Татјана  | 
tribina za turizam
трибина за туризам

Развојот на туризмот во Охрид и Македонија и владините мерки и активности кои се преземаат за развој на оваа област , беше темата на трибината која се одржа вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Пред присутните свое излагање имаше пратеникот Харалампие Шокароски кој го истана своето задоволство од како што кажа зголемувањето на бројот на странските туристи преку субвенционирање на тур- операторите, субвенционирањето на нискобуџетните летови, како и подршката која им се дава на граѓаните кои се бават со туризам.

„За жал ни Охрид и Р Македонија не се на светската мапа на туристички дестинации, и ни Охрид ни Макднија tribina za turizamне се топ туристички дестинација. Имајќи го ова предвид сметаме дека најважно е да се започне со едукација на населението, и едукација на туристички работници.Факт е дека она што Охрид го нуди во моментов во делот на туризмот е нереално, поточно ценовната политика е многу висока“, истакна пратеникот Александар Николовки.

Пред присутните се обрати и кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ, д- р Никола Бакрачески, кој истакна дека клучот на успехот за развој на туризмот е комуникацијата помеѓу експертите од областа на туризмот, претставниците на локалната самоуправа и бизнис секторот.

Од Факултетот за туризам и угостителство пак потенцираат дека неопходно е да продолжи трендот за вклучување на експерти кои ќе работат на подготвување на законската норматива од областа на туризмот. Проф д-р Науме Мариноски кој беше лидер на групата која работеше со француски експерти ангажирана во креирањето на стратегијата за развој на туризмот на РМ, вели дека треба да сме среќни што  врз основ на таа експертиза е формиран и комитетот за туризам на највисоко ниво, а она што тие го работат за многу брзо време ќе даде плод.

Пред присутните на трибината се обратија Дејан Паноски и Јованчо Секулоски.

{loadposition content9}