Алармантна состојбата со деформитетите на мускулно скелетниот систем кај основците
Преку 80 посто од децата во основните училишта во градов имаат проблеми на мускулно скелетниот систем.Само кај три до четири деца од секој клас не се евидентирани девијантни промени на мускулно скелетниот систем. Дел од децата кои имаат проблем се упатуваат на корективна гимнастика.
Алармантна состојбата со деформитетите на мускулно скелетниот систем кај основците во училиштата во Охрид. Од 805 деца кои се прегледани дури кај 605 се најдени полесни или потешки проблеми на мускулно скелетниот систем, вели Јован Каланоски, кинезитеравпет, вклучен во проектот за откривање на деформитетите кај основците заедно со група професори по физичка култура и образование, поддржан од Локалната самоуправа. Само кај три до четири деца од секој клас не се евидентирани девијантни промени на мускулно скелетниот систем. Дел од децата кои имаат проблем се упатуваат на корективна гимнастика.
Ваквата ситуација се должи на повеќе фактори, вели Каланоски. Пред се тоа е намалена физичка активност кај децата, седење пред компјутер и телевизор, тешки училишни торби, неправилно држење на телото. Каланоски, под чиј стручен надзор вежбаат за корекција на деформитетите околу 100 деца, упатува порака до родителите и до наставниците да бидат што поупорни и позериозни во решавањето на овој проблем.
Каланоски вели дека неопходна е поголема грижа за правилно спортување на децата и посериозен однос кон часовите по физичко. Toj укажува и на потребата наставниците во наставата по физичко што повеќе да ја користат корективната гимнастика за поправилен развој на децата.
Денес во ОУ Св. Климент Охридски беше одржана трибина на тема деформитети на мускулно скелетниот систем и начин како учениците да се справат со нив. Основците имаа можност да поставуваат прашање на оваа тема.
{loadposition content9}