Угостителското училиште „Ванчо Питошески“ во Охрид подготвено да ги отвори вратите за новите ученици. Уписите се на 17 јуни, а интересот за најдефицитарните струки и профили во туризмот и угостителството е голем.

Училиштето е комплетно реновирано, условите за теоретска, но и практична настава се одлични. Реновирани се и собите во домот. Годинава отворени се шест атрактивни профили.
-Се аплицира прво електронски, а третиот ден учениците треба да ги донесат документите. Годинава имаме шест профили од кои еден е нов хотелско ресторански техничар, другите пет се исто како лани, келнер и готвач со тригодишно образование, хотелско туристички техничар, угостителксо туристички техничар за рурален туризам тие се сите четиригодишни смерови. Ги поканувам сите деца да дојдат да се запишат во нашето училиште, вели Тони Андрески директор на РЦСО Ванчо Питошески.

-Во нашето училиште најважна ни е праксата, практичниот дел за учениците. Во последниве години имаме голем број на ученици кои што ни доаѓаат од други градови, бидејќи во моментов најбарана струка на пазарот на труд се токму готвачите и келнерите коис е изучуваат во нашето училиште.Готвачите денес се ценети, се добро платени но нивните права треба да се корегираат, да се средат. Да имаат слободен ден во неделата, како и годишен одмор како и сите останати работници, вели Васил Талески професор по готварство.

-Ние би сакале да запишиме многу дечиња затоа што нашата струка е дефицитарна на пазарот на труд и е многу барана струка, би требало да имаме интерес и да може повеќе деца да се запишат во нашето училиште,вели Милена Илијеска професор по стручни предмети.
Учениците се задоволни, велат покрај праксата која е клучна да бидат подготвени да градат кариера, добиваат понуди за работа и добро заработуваат уште додека учат.

-Мојата струка е угостителски техничар, во овие три години се се учи и имаме многу добри услови за вработување, вели Георги Николов ученик од Градско.

-Сместен сум во интернатот кој што има одлични услови учам во училиштето Ванчо Питошески угостителски техничар. Практична настава ние имаме и во кујна. Добивам ангажмани, платени сме и во текот на праксата и работодавачите се доста задоволни се договараме за понатамошна соработка, вели Кристијан Нестороски од Кичево.
За доброто образование и стручноста на учениците и професорите доказ се многуте златни медалји со кои се китат учениците од угостителското училиште.
Новинар: Соња Рилковска