На Државниот натпревар ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ МАССУМ 2023 кој се одржа на ден 05.05.2023 година во Гостивар, во конкуренција од 52 училишта, РЦСОО„Ванчо Питошески“-Охрид постигна одлични резултати:
I место во категоријата „Најдобар штанд “ со учениците: Никита Мишевски, Теодора Црвенкоска, Валентин Матоски, Кирил Дуклески, Петар Ѓорѓиев, Теона Талевска, Антонио Мицески, Фикрет Шакироски, Бранкица Велевска, Тамара Црвенкоска, Рахим Ѓулиоски, Кристина Кушлаковиќ, Орхан Рахман, Амир Рустем, Енис Мехмед, Бекир Керимов, Ерхан Рамадан, Константин Мурговски, ФилипЈорданоски и Марко Настески.
Одговорни ментори: Милена Илијевска и Елена Спировска
III место е освоено во категоријата „Најдобар соло изведувач “ со ученикот Бајрам Далипоски II4
Одговорни ментори : Даница Скрческа и Александар Таламаноски.
Учениците зедоа учество и на други бројни категории: најдобар филм и реклама, најдобар постер, модна ревија, најдобра фотографија, најдобра веб страна, најдобра поетска творба, пинг-понг и серва.