Skip to main content

Р.Е. „Расадник“, со идејни проекти за уредување на вашите дворови

Расадникот кој функционира како засебна работна единица во рамките на Ј.П.”Охридски Комуналец”  располага со голем асортиман саден материјал со кој на граѓаните им овозможува да ги украсуваат и аранжираат своите дворови и тераси во секое годишно време.

 |  Голабовски Крсте  | 
rasadnik
расадник

Расадникот кој функционира како засебна работна единица во рамките на Ј.П.”Охридски Комуналец”  располага со голем асортиман саден материјал со кој на граѓаните им овозможува да ги украсуваат и аранжираат своите дворови и тераси во секое годишно време.
 
rasadnikНовиот Расадник  за  производство на  декоративни растенија е лоциран во месноста “Блато”, во населбата “Рача” на површина од околу 70.000 м2 од која во моментов за користење се оспособени околу 18.000 м2.

Приспособувањето на просторот се врши постепено и во зависност од освојувањето и прилагодувањето на просторот поради специфичните услови на самиот простор за чие користење се потребни големи количини на плодна земја.  Во расадникот се произведуваат околу 70 видови на декоративни садници  и околу 10 видови на сезонско цвеќе.

Во моментов покрај декоративните зимзелени, листопадни и украсни дрвја, располагаат и со цветен саден материјал од зимската и рано-пролетната цветна реколта.

{loadposition content9}