Skip to main content

Работи ли домаќински јп градски пазар

Реакции по вчерашниот прилог на твм.мк

Демант од СОС Балкан Медиа по погрешниот извештај од ЈП „Градски пазар“.
 |  инфодеск  | 
Медиуми

По објавениот прилог на Портал ТВМ www.tvm.mk на 24.01.2023г.– Работи ли домаќински ЈП „Градски Пазар“?, добивме демант од споменатата СОС Балкан Медиа, на која што, според официјално доставениот Извештај од ЈП „Градски Пазар“ во последното тромесечие од 2022г. и се исплатени 141.600,00 денари.

Во продолжение следува демантот од СОС Балкан Медиа кој, како хуманитарна организација има склучено договор со „ЈП „Градски Пазар“ за медиумски услуги.

Демант

Во прилогот на Портал ТВМ не беше напишано ништо поинаку, од она што беше наведено во Извештајот од ЈП „Градски Пазар“ доставен до Портал ТВМ на 24.01.2023г., согласно Барањето за пристап до информации од јавен карактер.