Реакција од кабинетот на Градоначалникот
По изјавата дадена од страна на Зоран Заев, претседателот на СДСМ, веднаш реагираа од Кабинетот на Градоначалникот
Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека воопшто не е изненаден од доаѓањето на Зоран Заев во Охрид непосредно по неговото назначување за претседател на СДСМ, но додаде дека ваквата посета требало да ја направи многу порано кога градоначалник на градов беше човек од нивните редови.
-Г-динот Заев требаше да се грижи за градот Охрид и вработените во Локалната самоуправа во времето кога неговиот другар и партиски колега Александар Петрески во градот Охрид и Локалната самоуправа направи тотална дезинтеграција на системот и хаос и нанесе децениска и милениумска штета на оваа Локална самоуправа, рече Градоначалникот.
Бакрачески уште еднаш потсети на долгот кој го има општината во висина од 32 мил евра, а кој го наследи од минатата гарнитура во Локалната самоуправа, како и на долгот од неколку десетина милиони евра на јавните претпријатија кои што произлегуваат од Локалната самоуправа
-Јас како Градоначалник на Охрид можам да кажам дека управувањето и раководењето со Локалната самоуправа е комплексен процес кој подразбира низа мерки и активности кои се насочени во прв ред на почитување на редот и дисциплината на организацијата на работното место, на спроведување на профрамските определби и задачи на Општина Охрид се со цел интересот на граѓаните на Општина Охрид да е ставен на прв план, кажа Градоначалникот.
Бакрачески рече дека тој и понатаму интересите на граѓаните ќе ги става на прво место и ќе се грижи за нив во рамките на законите во РМ. Тој потсети дека охриѓани многу добро го познаваат од неговата поранешна функција како директор на кардиолошкиот завод и знаат за резултатите кои ги постигна заводот во времето кога тој менаџираше со него. Поради тоа и му ја дале довербата на последните локални избори да менаџира со Охрид.
{loadposition content9}