Став на Локалната самоуправа по случувањата на денешната свечена седница по повод 11-ти Октомври
Став на Локалната по повод обраќањето на претседателот на Сојузот на борци на Општина Охрид и Дебрца.
Обраќањето на првиот човек на Сојузот на борците на Општина Охрид, Гоце Ѓорѓиески, во кое тој изнесе свои лични видувања, ставови, перцепции и доживувања за власта во земјава, го оценуваме како очигледна злоупотреба на празникот 11 Октомври и настанот кој по тој повод го организираа заедно Локалната самоуправа на Охрид и Сојузот на борците. Со чудење гледаме на преседанот, одбележување на празник кој е заеднички за сите граѓани на Македонија и е симбол на непокорот на македонците, да се злоупотреби во дневно политички цели и да се претвора во држење на политички говор со дневно политичка содржина.
Доказ дека се работи за злоупотреба, беше напуштањето на дел од присутните во салата, додека се одвиваше испадот на Ѓоргиески, а потоа се вратија за да ја проследат богата културно уметничка програма специјално подготвена за свечената академија. Многумина со право коментираа дека иако Ѓоргиевски во животот никогаш не бил борец , сега раководи со боречката организација и се дрзнува на ваква манифестација да изнесува лични видувања за актуелната состојба во државата.
Се надеваме дека овој преседан незабележан до сега, ќе остане несреќен и изолиран случај, на човек кој јавноста го памети како член на една опозициска партија и нејзин.
{loadposition content9}