Skip to main content

Екологија

Реактивната мисија на УНЕСКО, повторно доаѓа за неколку месеци

За да се зачува престижниот статус двете пријателски земји треба заеднички да се фокусираат во реализирање на препораките и обврските.
Езеро

Престижниот статус го зачувавме но не чека целосна реализација на препораките и обврските од УНЕСКО. Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, на денешната прес конференција подвлече дека за да се зачува престижниот статус двете пријателски земји треба заеднички да се фокусираат во реализирање на препораките и обврските, бидејќи подеднакво ја споделуваат и одговорноста за Охридското Езеро. А воедно, споделувајќи ги и природните убавини на овој исклучително уникатен регион со богато културно и археолошко наследство.Многу од препораките и обврските ги имаме започанато но останува нивната целосна реализација, порача министерката Костадиновска-Стојчевска.

„Препораката да се финализара Студенчишко Блато за парк на природата,а Охридско Езероз а споменик на природата. На тоа работиме и сме во финална фаза. Што поскоро да се изработат нови ГУП-ви за Охрид и Струга. Треба да продолжи адресирањето на проблемот со бесправните објекти, и да се осигура дека оние што се отстранети, нема да се обноват, ни дека нема да се појават нови нелегални градби“, – кажа Бисера Костадиновска-Стојчевска – Министерка за култура на РМ.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска нагласи дека експертските тимови на Северна Македонија и Албанија го изготвија Стратегискиот план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион со Акциски план, што е значаен чекор во детектирањето и справувањето со факторите кои имаат негативно влијание врз вредностите на Регионот, што е позитивно оценето и од страна на Комитетот за светско наследство и нотирано и во Одлуката од сесијата на Комитетот во Ријад.

„Реактивната монитрнинг мисија на Центарот за Светско наследство на УНЕСКО и на советодавните тела, повтрно доаѓа на почетокот на следната година за да ја оценат имплементацијата на препораките и на мерките за рехабилитација на регионот. Експертските тимови ќе продолжат интензивно и координирано да работат и да дејствуваат во детектирање и справување на факторите кои имаат негативно влијание врз природните вредности и особености на Охридскиот регион““, – посочи Бисера Костадиновска-Стојчевска – Министерка за култура на РМ.

Министерката се заблагодари на сите оние кои се вклучени во зачувавање на статусот на Охридскиот регион, на централно и локално ниво за професионалната и искрена соработка во зиминатата година и половина. Благодарение на таа соработка, Охридскит регион не беше тема на дискусија на сесијата на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Ријад, посочи Министерката.