Во тек на месец октомври волонтерите, демонстраторите и обучените за прва помош, како и вработените од Црвен крст Охрид ја реализираа кампањата за прва помош.
Пет викенди првата помош беше промовирана како еден од најзначајните сегменти на работа на движењето на Црвениот крст, но и како сет од знаења и вештини кој што секој граѓанин треба морално да го поседува.
Оваа кампања беше дел од програмските активности на Црвен крст Охрид за информирање на населението и зголемување на нивната хуманост. Очекувајте други активности поврзани со првата помош и понатаму – велат од Црвен крст Охрид.