Skip to main content

Реалност или пуста желба, ски центар на Галичица

Охридскиот градоначалник Александар  Петрески  не се откажува од идејата на Галичица да се изгради рекреативен зимски центар. Оваа идеја со години е само пуста желба на политичарите и охриѓани и никако  да стане реалност.

 |  Валентина Нелоска  | 
np Galicica
Галичица

За изградба на ски жичара, Петрески, покрај апелот до домашните фактори за реализација на оваа идеја, се повикува и на пријателите на градот, пред се на збратимените градови. Тој потсетува дека поминале повеќе години од зачетокот на оваа идеа ама се останало само на празни зборови.
„Можеби ќе поминат  и 10 до 15 години, толку долго во јавноста се споменува изградба на ски центар на Галичица, но без ефект. Дојде и Бојан Крижај и други скијачки имиња ама се остана без реализација. Сето тоа може да го направиме со помош на збратимените градови Марибор од Словенија  и Синаја од Романија кои имаат вакви центри и со заеднички проекти од Европската унија можат да ни помогнат да изградиме и ние ски центар“, вели Петрески.
Градоначалникот ги повикува ресорните министерства кои имаат ингеренции за спроведување на  оваа идеа, истата конечно да стане реалност. Не е важно чија е идејата, важно е сите да имаат корист и да се отворат во градот што повеќе работни места, потенцира Петрески.

{loadposition content9}