Skip to main content

Речните корита во градов чисти, се работи на расчистување и на околните

Иако за нашиот регион не се предвидуваат пообилни врнежи од дожд, општинскиот штаб за заштита и спасување ги презел сите превентивни мерки за спречување на евентуални несакани ситуации.

 |  Мишел Наумоски  | 
recni korita

Неколкудневните временски прогнози во кои се најавуваат пообилни врнежи од дожд во нашата земја резултираа со ново предупредување од страна на Министерството за транспорт и врски до сите локални самоуправи и надлежните служби за преземање мерки за спречување на евентуални поплави. Според ова последно предупредување, се очекуваат врнежи од околу 30ина литри на метар квадратен. Ваквите предупредувања засега реалност се само за општините од централна и југоистична Македонија, но иако во нашиот југозападен регион не се очекуваат пообилни врнежи од дожд, предупредувањата сеуште важат. Во таа насока и сите надлежни служби, кај нас координирани преку општинскиот штаб за заштита и спасување преземаат активности за спречување на евентуални несакани ситуации.

predupreduvanja poplavi„Локалната самоуправа и општинскиот штаб за заштита и спасување континуирано ги следат сите временски извештаи пред се, второ, координацијата е направена со сите оние кои се директно или индиректно поврзани со евентуално можни потреби. Тука се во општинскиот штаб за заштита и спасување, дел има противпожарните служби, МВР со своите служби, понатаму локалните претпријатија, Црвен крст со своите служби итн. Така да при евентуална потреба, веднаш би се реагирало, сите тие луѓе се подготвени.“-вели командантот на Штабот за заштита и спасување, Ангел Јанев.

Последните случувања со можности и опасност од поплави кои се однесуваа на свлечиштето кое се појави на реката Даљан во непосредна близина на Извиднички, според Јанев испровоцирало превентивно чистење и на останатите речни корита, но додава дека не биле проблем само коритата.

cistenje recni korita„Проблем беа и малите мостови, протокот под нив, цевките кои има одреден фи габарит меѓутоа се разбира со дрва, со талози, муљ доведуваат до запушување на тие. Сите тие одводни канали сега се во една завршна фаза, каде тие цевки се тргнати и се прават тие мостови, се чисти под нив. Оние излезни канали кои што се од градот Охрид, кои треба да функционираат мислам дека се во една многу добра кондиција, а за сите овие кои се локални и околни има средства, има нафта, има служби кои што се на располагање и тие постојано континуирано работат за да се исчистат.“-рече Јанев.

Инаку последните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи говорат дека не постои опасност од некои пообилни врнежи од дожд во нашиот југозападен регион, додека мала опасност или жолта фаза е предвидена за во пелагонискиот регион, делот на скопската котлина и крајниот дел на североисточна Македонија. Иако мора да се напомене дека во првичното предупредување кое Управата го имаше издадено за денешниот ден стоеше дека мала опасност од пообилни врнежи ќе има само во крајниот североисток.