„Рециклирање и имагинација“
Во сукњички и панталони од најлонски кеси, креп хартија и други рециклирани материјали и пеејќи песнички за планетата земја дечињата од градинката Јасна Ристеска покажаа како треба да се чува природата. Приредбата беше дел од проектот „Рециклирање и имагинација“ кој тимот од градинката го реализира во сите групи.
Планетата Земја ни е една и единствена и сите треба да ја чуваме. Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ облечени во прекрасни костими од рециклирани материјали преку песна и игра ни ја пренесоа оваа порака. Приредбата беше дел од проектот „Рециклирање и имагинација“ кој тимот од градинката го реализира во сите групи. Овој настан предизвика радост и насмевки на детските лица.
Тимот на воспитувачки од градинката повеќе од еден месец се подготвувале за денешниот настан. Покрај во учење песничките поврзани со планетата Земја многу труд бил вложен и во изработката на костимите кои навистина беа уникатни. Користени беа најлонски кеси, креп хартија и други рециклирани материјали за да се долови имагинацијата и на децата и на возрасните.
Идеите беа наши од нашата градинка. Ние како воспитен тим во соработка со родителите успеавме да ги направиме костимите да изгледаат преубаво, а децата да се задоволни, рече воспитувачот Билјана Савеска.
Градинката „Јасна Ристеска“ континуирано организира вакви настани со кои ги анимира и едуцира децата, но и нивните родители, баби и дедовци кои беа дојдени во голем број да го проследат овој несекојдневен настан.