Ќе се стави ли ред во водениот сообраќај во езерото
Од охридската капетанија најавуваат сроведување на повеќе мерки. Од ова лето забранта за возење скутер се зголемува за еден час.
Забраната за скутери се зголемува за еден час, одлучија од охридската капетанија. Љубителите на овие пловила ќе можат да ги возат само пред 11 часот и после 19, вели Горан Устијаноски, капетанот на охридската капетанија. Тој додава дека забраната ја поместиле за уште еден час бидејќи во 18 часот плажите сеуште се полни со капачи па опасноста од доаѓање до некаков несреќен случај предизвикан пд скутерџиите е поголема. Зaбраната стапува на сила од први јули и ќе трае до крајот на август.
Инаку охридската капетанија презема и низа други активности и мерки за подобрување на безбедноста во водениот сообраќеј. Веќе подолго време се работи на расчистување на трската во каналот Студенчишта со што ќе се прошири самиот влез во него. Капетанот објаснува дека влезот е многу стеснет и изнесува само три метри што е многу малку за поголемите пловила како што се бродовите. Устијаноски додава дека до ваква состојба дошло поради неговото непостојано одржување. Каналот е многу важен, вели тој бидејќи е речиси единственото место каде можат да се чуваат пловилата. Летово се очекува да се зголеми нивниот број па затоа мора да се направат подобри услови за влез и излез од него.
Бројот на пловилата кои ќе сообраќаат по Охридското езеро не е законски ограничен, објаснува капетанот. Во охридската капетанија регистрирани се околу 1700 пловила, но само 500 од нив се функционални, додава тој. Устијаноски кажува дека не би требало да има ограничување на бројот на пловните објекти туку на нивната старосна граница. Тој рече дека во САД и западноевропските земји половните пловни објекти се продаваат по многу ниски цени па нашите граѓани многу лесно можат да си купат некое од нив. Капетанот е дециден-додека Америка и Европа си го чистат отпадот ние го собираме. Тој додава дека мора да се лимитира старосната граница на пловилата како не би дошло до сериозно загадување на езерото.
{loadposition content9}