Skip to main content

Редовно се контролираат јавните превозници за заштита од ковид

Кај одредени превзоници се констатирани прекршувања на мерките за заштита од ковид при контролите на СВР  Охрид и  овластениот инспектор за патен сообраќај при Општина Охрид. Од Свр апелираат превозниците во јавниот превоз на патници, доследно да ги почитуваат протоколите кои се очекуваат да стапат на сила за 50 посто на искористеноста на капцитетот на возилата во јавниот превоз.

 |  Валентина Неловска  | 

Од спроведените контроли во јавниот транспорт на патници во Охрид, СВР Охрид и овластените инспектори за патен сообраќај при Општина Охрид, констатирале помали прекршувања на мерките за заштита од ковид 19. Секојдневно се спроведуваат контроли врз јавните превозници дали ги почитуваат одлуките на Комисијата за заразни болести за редуцирање на патници во јавниот превоз, инфоромира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Полициската станица во патниот сообраќај презема интензивни мерки кон правните субјекти кои вршат јавен превоз на патници во градски и приградски сообраќај, а кои не ги почитуваат протоколите, вели Стефан Димоски, портпарол на  СВР Охрид.

„Во текот на летниот период евидентирани се 10 тина прекршувања на овие значајни одредби кои значат поголема заштита од ковид 19 за што СВР Охрид во сорабока со надлежните субјекти од Локалната самоуправа има поднесено 10 -тина прекршочни пријави. Во текот на извршените контроли во изминативе неколку денови не се констатирани прекршувања на одредебите и протоколите за безбеден транспорт на патници во јавниот превоз. Тоа значи дека авто транспортните претпријатија кои вршат превоз на патници во својата организација на превоз ја извршуваат во склад со безбедносните протоколи за заштита од ковид 19“


Миле Скрчески, раководител на Општинскиот инспекторат при Општина Охрид, исто така, информира дека нивните овластени инспектори за патен сообраќај учествувале во заедничките контроли со СВР Охрид. При контролите на патниот сообраќај се утврдило дека се почитуваат мерките кои досега беа на сила според препораките на Комисијата за почитување на 75 посто искористеност на капацитетот во јавниот превоз и имало растојание меѓу патниците и седиштата, вели Скрчески.

„Спроведена е постапка за контрола на патниот сообраќај во општина Охрид конкретно за автобусите кои ги пренесуваат работниците во поголемите фабрики и до поголемите работни места. Беа контролирани 9 автобуси. Капацитетот и коефициентот на искористеност беше до 75 проценти и беа запазени тие мерки кои важеа во моментот. Сега се изменети до 50 посто на искористеноста, но во тој момент беше запазено. Исто така, беше запазено и користење на заштитни маски и ракавици“.

Од СВР Охрид најавуваат дека контролите ќе бидат и понатака со засилен интензитет. Апелираат сите правни субјекти кои вршат превоз на патници и организираат јавен превоз доследно да ги почитуваат мерките.