Skip to main content

НУ Завод и Музеј и УИНТ

Регионален реставраторски камп за недвижно културно наследство и археолошки локалитети од Охридскиот регион

Охридскиот Завод и Музеј, во соработка со УИНТ, домаќини на регионалниот реставраторски камп, чијашто крајна цел е создавање на ГИС платформа за недвижното културно наследство и археолошките локалитети од Охридскиот регион. Студенти од разни градови од соседни балкански земји, деновиве во Универизтетот Св. Апостол Павле од меѓународни и домашни експерти учат како најсовремените дигитални технологии да ги користат со цел евиденција, инвентаризација, дигитализација, на нашето културно богатство. Проектот во октомври продолжува со реализација во Поградец, соседна Албанија.
 |  Голабовски Крсте  | 
проект Завод и Музеј и УИНТ

Студенти од неколку земји од Македонија и Балканот, деновиве, во Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апотол Павле“ во Охрид се дел од „Регионалниот Реставраторски Камп“, кој пак е само дел од големиот проект, „Јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Регион: Обука за развој на бази на податоци и ГИС-платформа за недвижно културно наследство на Заводот и музеј –Охрид“. Преку овој проект, кој се организира под закрила на УНЕСКО, студентите од меѓународни и домашни експерти, учат, како најсовремените дигитални технологии да ги користат, со цел, евиденција, инвентаризација, дигитализација на нашето културно богатство.

„Целта на овој камп е 25-те учесници од Македонија, Албанија, Косово, БиХ, Црна Гора и Романија, во него да научат како да го документираат културното наследство, користејќи ги напредните технологии како фотограметрија, снимање со дрон летала и користење на собраните податоци, за подорбро разбирање и документирање на културното богатство во Охридскиот регион.“– изјави Мириан Блаци – Организатор на регионалниот реставраторски камп.

Во период од десет дена, учесниците на кампот треба да научат како да спроведуваат евиденција, инвентаризација, дигитализација и користење на современа технологија за 3Д снимање со помош на дронови и фотограметрија за изготвување на ортофотографии и топографски карти, со цел да се постави работен план, кој ќе обезбеди негово долгорочно одржување и редовно ажурирање.

„Кампот ќе трае десет дена. Пет дена сме во Охрид, пет дена ќе бидеме во Поградец. Ќе се снимаат локалитети, ќе се документираат, ќе се презентираат тие разни техники на снимања со дронови, орто-фото, внесувања во софтвер, кое подоцна ние ќе го внесиме во секојдневното работење на нашата институција.„ – изјави м-р Горан Патчев Виш конзерватор за недвижноо наследство.

Резултатите од кампот ќе бидат подлога за создавање на ГИС платформа за недвижното културно наследство и археолошките локалитети од Охридскиот регион, со што, ќе се обезбеди ВЕБГИС база на податоци, која ќе може да ја користи и пошироката јавност, а ќе се потхранува со податоци за недвижното културно наследство и заштитените археолошки локалитети, собрани и документирани во текот на проектот.

„Основен акцент е правен на современи методи и интеграции, можеби на наш софтвер, кој во иднина ќе го работиме, да придонесе за посовремена и егзактна заштита на културното наследство. Знаеме дека Охрид е богат со културни споменици, со многу цркви и фрески. Многу е важно и одржувањето и зачувувањето на податоците, сместување во современи бази на податоци, интегрирање на софтвер, и вклучување на многу современи методи, како снимање со дронови, во кој се вклучени повеќе земји.“ – Проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска – проректор УИНТ Св. Апстол Павле“.

Проектот го реализира НУ Завод и Музеј – Охрид и има за цел да ги надгради знаењата и способностите на стручните лица во Завод и музеј – Охрид во однос на ГИС-вештините, со помош од меѓународни и домашни експерти и во соработка со експерти вклучени во развојот на ГИС платформата, од наша и од Албанска страна. НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид и Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, потпишаа и меморандум за соработка.