Регионалната комора ги тужи занаетчиите кои подолго време не плаќаат чланарина

Минатата година биле тужени 60- тина занаетчии. Многу мал е бројот на занаетчии кои извадиле занаетчиски дозволи кои мора да ги обезбедат со најновите  законски измени, а треба да ги имаат и трговците поединци и Доелите. 

 |  Валентина Неловска  | 

Регионалната занаетчиска комора има проблем со наплата на чланарината од занаетчиите. За нормално функционирање на комората 90 проценти од уплатената чланарина се наменти за регионалната , а 10 посто за Републичката комора. Во Регионалната комора со решение за вршење дејност се регистрирани 250 занаетчии, а многу од нив не платиле чланарина ,“ вели претседателот Сашо Богоески.

„ Не се собрани од сите занаетчии. Минатата година со одлука на УО на комората се донесе одлука сите занаетчии кои имаат поголем долг од 3600 денари д а бидат тужени. Тужени се 60 занаетчите и сите одлуки завршиле во корист на комората“, вели Богоески.

Со новиот закон за занаетчиство регулирањето на финансирањето на Комората е од задолжителната чланарина и од издавањето на решенијата по основ на јавни овластувања. Досега во комората се пријавиле двајца нови занаетчии , а еден се одјавил од регистерот, вели. Богоески

„ Интерес има за рачни ракотоврби и изработк ана домашни сувенири имаме регистриран занаетчија за изработка на глинени сувенири. Тука е најголем интересот“, нагласува Богоески.

Покрај решението за дејност занаетчиите со новите измени на законот треба да имаат и занаетчиска дозвола. Досега ваква дозвола имаат извадено само 10 охридски занаечии. Дозволата треба да ја обезбедат и околу 500 трговците поединци и Доели кои се евидетирани од страна на Министерството з а економија. Занаетчиската дозвола треба да ја обезбедат до 1 ноември 2019 година, во спротивно казните се во висина од 2500 евра. Контролите за спроведување на законските регулативи се во надлежност на Државниот пазарен инспекторат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top