Регионалниот пат Охрид-Струга денес затворен поради снимање на филмот „Преекспонирано“
Продуцентската куќа ДНФ ФИЛМС е во фаза на продукција на игран филм со наслов “ПРЕЕКСПОНИРАНО”.
| | Охрид
Продуцентската куќа ДНФ ФИЛМС е во фаза на продукција на игран филм со наслов “ПРЕЕКСПОНИРАНО”.
Филмот е во режија на Елеонора Венинова и е поддржан од страна на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
Деновиве снимањето се одвива на локации во Охрид инеговата околина. ДНФ Филмс ја известува јавноста дека поради снимање на дел од филмот, на ден понеделник17.08.2020 од 6 часот наутро до 15 часот,регионалниот пат P1208 –делница: Охрид –Струга(стариот пат) ќе биде затворен за сообраќај во двата правци,а сообраќајот пренасочен.