Регионалнит пат кон Албанија обраснат со треви
Високи треви покрај патот и во средишниот појас ја загрозуваат прегледноста на регионалниот пат кој води кон Албанија.
Високи треви покрај патот и во средишниот појас ја загрозуваат прегледноста на регионалниот пат кој води кон Албанија. Регионалниот патен правец со ознака Р 1310 кој води од кључката Св. Еразмо до Св.Наум е запуштен и несреден. Од ЈП„ Македонија пат“ признаваат дека тоа е резултат на отежнатите финансиски услови во кои работат.
Ракововодителот на охридската единица на „Македонија пат“ најавува екипи на терен веќе од среда. Дел од нивните работници ќе бидат ангажирани за подобрување на оптичката видливост на патот.
Финаниските проблеми во кои западна ова јавно претпријатие минатата година се рефлектираат и на терен. Како што дознаваме од извори на ТВМ, од 27 -те вработени во работната единица во Охрид, 6 мина од нив ќе бидат прераспределени во други државни јавни претпријатија.
Владата за опстанокот на ЈП„Македонија пат“ бара излез и предлага низа мерки. Една од нив е и распределбата на вишокот вработени. Како можни претпријатија каде што би се префрлиле вработените од јавноот претпријатие „Македонија пат“ се споменуваат ЈП „Македонски шуми“ и НП „Галичица“. Овој процес е започнат од пред две недели па се очекува разврска за многу кратко време. Вработените во ЈП „Македонија пат“ засега земаат плата месец за месец, а владата им остана должна 2 плати.
{loadposition content9}