Skip to main content

Ќе се регулира поставувањето на пчелни сандаци во шумите

Измени на законот за шуми, најави, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњаноски. Со новите измени би се создала правна рамка за поставување на сандаци со пчелни семејства во шумските подрачја.

 |  Николоска Биљана  | 
pceli
пчели

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњаноски, при неодамнешната посета на Охрид зборуваше за поддршката на Владата што им ја пружа на македонските пчелари. Воедно тој најави дека следуваат измени на законот за шуми, поточно овозможување да се поставуваат пчелни семејства во шумските подрачја, што досега не беше случај.

„Мислам имаше еден донерегулиран простор каде што на шумските подрачја не можеше да се постават пчелни семејства. Сега со измена на законот за шуми и тоа ќе го воспоставиме, да ставиме ред точно кој се процедурите и на кој начин и површини можат да се поставата пчелните семејства и во шуми“ – нагласува Коњаноски.

pceliiiiКоњаноски истакна дека пред две недели била остварена средба со пчеларите на охридскиот регион, каде било зборувано за стратегијата и плановите на министерството во насока на развој на пчеларството.

„Денес можеме да разговараме за производство на мед кое е етаблирано и препознатливо не само кај нас туку и во земјите на ЕУ, затоа што околу 15 000 пчелни семејство во овој момент имаме регистрирано за органско производство, што претставува дополнителна вредност и на некој начин гаранција на квалитет за тој производ. Покрај директно финансирање и поддршка на пчеларите во висина од 600 ден на пчелно семејство ние помагаме во однос на засејување на медоносни растенија, значи даваме субвенции за да можат да се користат такви земјишни површини кај што можат да се насадат медоносните растенија, со цел да остварат поголем профит“– истакна Коњаноски.

За 4 години, по основ на субвенции, Владата издвои 5,5 милиони евра. Како поддршка за подобрување на состојбата во пчеларството. Инаку во Македонија до лани имало 76 илјади регистрирани пчелни семејства.

{loadposition content9}