Skip to main content

реиран нов туристички производ од областа на планинскиот туризам

Планинскиот туризам нова форма за развој на оваа стопанска гранка. Во текот на оваа година создаден е нов туристички производ со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка, преку сојузното Министерство за меѓународна соработка и развој на Германија со цел поттикнување на економскиот развој во пограничните области на Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Креиран нов туристички производ од областа на планинскиот туризам. BALKAN HIKING ADVENTURE е создаден во текот на 2015та година со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка, преку сојузното Министерство за меѓународна соработка и развој на Германија со цел поттикнување на економскиот развој во пограничните области на Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион. Се состои од 37 креирани и обележани планинарски патеки на Шар Планина, Бистра, Дешат, Крчин, Стогово, Јабланица, Галичица и Баба од кои 8 патеки се транснационални.

Овие региони според статистиката се наоѓаат некаде далеку под националниот просек на развој, бележат висока стапка на невработеност, но имат голем потенцијал од аспект на природни убавини и културно наследство. Ова е една добра економска мерка која ќе придонесе за развојот на овие региони, рече Аница Палацо- координаторот на ГИЗ проектот.

Со погранично поврзување преку зелени премини производот станува регионален и овозможува при една посета да се доживеат три земји Македонија, Косово и Албанија. Патеките можат да се користат како еднодневни тури или да се комбинираат во повеќедневен активен одмор.

Во таа координација со групата ние се поврзавме на едно повисоко ниво помеѓу општините во Косово и Црна Гора. И кај нас имаше тренинг за триесеттина планински водичи , а направивме и координација со полицијата на тие држави која ја обезбедува границата и тие зелени премини од една во друга држава, рече Екрем Хусени-погранична соработка, ГИЗ Косово.

Покрај идентификација и бележење на патеките ГИЗ поддржа и реновирањње и опременување на  8 селектирани  објекти како и обуки за  понудувачи на туристички услуги. 15 луѓе од регионов се обучени од професионални водичи во планина во меѓунариот УИМЛА стандард.

Обуката на водичите започна уште  на почетокот  на проектот и сеуште трае . Она што е најважно е што сега ние имаме обучени водичи кои ќе можат да се справат со сите предизвици на планина, а важен е и економскиот ефект од проектот кој ќе овозможи врабоптување на 15 лица кои ќе се ангажирани како водичи на планина, кажа Антонио Додевски– водич во алпинистички клуб Патагонија.

Овој туристички производ на пазарот ќе се презентира и промовира преку водич, 6 мапи за патеките поделени по планинските масиви, телефонска апликација за Андроид  и IOS платформа како и веб страна.