Реката Црн Дрим и притоките порибени со речна пастрмка
Реката Црн Дрим и притоките порибени со речна пастрмка.
3000 речни пастрмки пуштени во водите на реката Црн Дрим и нејзините притоки Сатеска и Вевчанска река. Порибувањето на риболовниот ревир река Црн Дрим 1, е според годишната програма на концесионерот за организирање на рекреативен риболов ЗРСК „Пастрмка“ од Струга. Порибувањето е чин кој што многу значи, па го практикуваме секоја година. За членовите на ова здруженеи чинот на порибување на рекатат не е само обврска туку и своевиде празник, а желба им е враќање на облежјето на Црн Дрим како река на речната пастрмка, вели Емил Матовски претседателот на ЗРСК „Пастрмка“ од Струга.
„ Реката од време била препознатлива по пaстрмката и е наша обврска да ја врaтиме пастрмката во реката како некогаш за секој да може спортските риболовци да ловат и уживаат во реката Црн Дрим, вели Емил Матовски, претседател на ЗРСК „Пастрмка“ од Струга.
Пуштањето на подмладокот на речната пастрмка е направено во присуство на државниот инспектор за земјоделство Јован Бојчески. Во таа пригода инспекторот ги потенцира и очекувањата од порибувањето на речниот слив на Црн Дрим.
„ Порибувањето е извршено со автохтона речна риба пастрмка, во количина од 3.000 единки. Порибувањето е редовно од здружението „Пастрмка“ според Риболовната основа за риболовниот ревир и годишниот план на друштвото поднесено до министерството за земјоделие. Се надеваме дека со ова порибување овој ревир ќе биде се поатрактивен за рекреативните и спортските риболовци“, изјави Бојчовски.
Подмладокот на автохтоната речна пастрмка има просечна големина од 10 до 30 грама. Подмладокот е одгледан во струшкото мрестилиште „Шум“, дел од Институтот за сточарство .
Од Пастрмка апелираат до сите риболовци да ја чуваат и штитат пастрмката, а нивната рибочуварска служба нема да толерира никакви прекршувања на забраната. Уредбата важи од 15-ти октомври до 1-ви март. Тие информираат дека нивната рибочуварска служба ќе врши строги контроли во овој период од годината.
{loadposition content9}