Реката Сушица поплави триесетина куќи на улицата Железничка
Реката Сушица поплави триесетина куќи на улицата Железничка. Жителите се жалат дека поради неисчистено речно корито од надојдените води домовите имотите им се под вода. Иако со години инсистирале да се исчисти коритото, надлежните досега не реагирале, обвинуваат граѓаните. Бараат помош, покрај механичка интервенција на коритото и подигање на заштитен ѕид за да се спречат и понатака слични поплави.
Надојдената река Сушица поплави триесетина домови на улица Железничка. Под вода се куќи, дворови, земјоделска обработлива површина и домашни животни. Жителите стравуваат дека со најавите за утрешните врнежи и од топењето на снегот реката ќе носи поголеми количини вода. Се жалат дека и покрај досегашните барања до надлежните институции речното корито не било исчистено во последните 30 години.
Жителите од овој дел на градот велат дека домовите им се поплавуваат и заради инфраструктурни пропусти. Кажуваат дека со поплавите почесто се соочуваат по изградбата на улицата Железничка, по преместување на речното корито на Сушица, по непрописно поставување на шахтите за канализација која започнала минатата година и сеуште не е довршена.
За да се спречат и понатака слични поплави покрај механичка интервенција на коритото бараат и подигање на заштитен ѕид на коритото. Жителите од кракот на улица Железничка побарале помош од локалната и од ЦУК. Од Центарот за управување со кризи информираат дека не се во можност да интервенираат и за проблемот го известиле општинскиот кризен штаб уште во текот на вчерашниот ден.