Skip to main content

Реконструиран кровот на економската зграда на Општа болница Охрид со помош на локални фирми

Со реконструкцијата се замени стариот кров, беше извршена и замена на оштетени делови и инсталирани нови материјали за заштита од влага и временски услови.
 |  инфодеск  | 
default

Благодарение на донација од страна на локални фирми, успешно заврши реконструкцијата на кровот на објект од павиљонски тип на згради при ЈЗУ Општа болница – Охрид.

Со реконструкцијата се замени стариот кров, беше извршена и замена на оштетени делови и инсталирани нови материјали за заштита од влага и временски услови.

Објектот е изграден во 1962 година и ова е прва значајна реконструкција. Оваа зграда, која ги вклучува трансфузиологија, биохемиска лабораторија, физикална медицина и рехабилитација, радиологија, болничка аптека, јавни набавки, комерција и патологија и т.н. веќе долги години служи како клучен дел на установата, изјави директорот на ЈЗУ Општа болница Охрид, д-р Асен Шајн.

default

Така наречената економска зграда заради дотраеност и временски неприлики беше доведена до нефункционалност со што постоеше опасност за прекин на работа на неколку оддели сместени во истата. Благодарение на поддршката- донација од локалните фирми ПН МЕТАЛ ДООЕЛ со финасиски средства , како и ТУРИСТ ИЖЕНЕРИНГ ДОО со материјални средства, успешно се завршени сите потребни изведби на површина од 3 000 m².

Сега кровот не само што е функционален, туку истиот е значаен и во подобрување на визуелниот аспект на целокупната инфраструктура. Оваа инвестиција не само што ќе продолжи да ја подобрува инфраструктурата на нашата институција, туку и ќе обезбеди подобри услови за работа на вработените и комфорен амбиент за пациентите кои ги опслужуваме, велат од ЈЗУ Општа болница Охрид.

Од болницата изразуваат благодарност за несебичната помош и општествена одговорност на ПН МЕТАЛ ДООЕЛ и ТУРИСТ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО.