Општина дебрца
Реконструирана училишната зграда во Оровник
Средствата за реконструкција на училишната зграда во Оровник во износ од 587.300 илјади денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца.
Со цел подобрување на условите во образованието, реконструирана е училишната зграда во село Оровник.
Изминатиот период извршивме санација/реновирање на училишната зграда во с. Оровник. Средствата во износ од 587.300 илјади денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца. Продолжуваме континуирано да инвестираме во подобрување на образованиетo – вели Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца.


