Skip to main content

Проект од светска банка

Реконструкција на 3 охридски основни училишта

Tри охридски основни училишта ќе бидат реконструирани со средства од Светска банка. Училиштето во селото Лескоец за најмногу две години, ќе добие спортска сала.
 |  инфодеск  | 
Христо Узунов

Tри основни училишта во Охрид ќе бидат целосно реконструирани преку проектот од Светска банка кој вклучува финансирање на изработка на проектно техничка документација и финансирање на инвестициски проекти за енергетска ефикасност, а обезбедено е и неизградено државно земјиште за изградба на спортска сала за училиштето во село Лескоец.

Конечно можам да кажам дека е пронајдено, точно кажано обезбедено место на Република Македонија, за да направиме таму. Веќе за наредната година можеме да се припремаме за таа работа и да ја завршиме доколку се обезбедат финансиски средства во 2023, ако не во 2024, ќе биде завршена спортската сала. Наназад и други локални самоуправи барале, но секогаш било проблем со експропријација на приватни места, сега е конечно пронајдено и ќе ја завршиме – истакна Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Иако од локалната самоуправа работата е завршена, средствата за финансирање на изградба на спортската сала се загубени од необјаснета причина, па пак локалната ќе мора да обезбеди финансиски средства за реализација на проектот, кажа Димитар Спасески, Сектор за спорт, млади и невладини организации при Општина Охрид.

Што се однесува до реконструкцијата на трите основни училишта, ООУ „Христо Узунов“, ООУ „Братство Единство“ во населба Лескајца и на ООУ Св. „Климент Охридски“, Општина Охрид, треба да добие 80% од одобрените средства од Светска банка, како долгорочно позајмување со потпишување на договор за под-заем со Министерството за финансии. Останатите 20% се доделуваат како грант средства на општините со потпишување на договор за грант со Министерството за финансии.

Веднаш пристапивме кон исполнувањето на наследените обврски. Градоначалникот формира проектен тим којшто во рекорден рок одговори подготви податоци и аплицира во Светска Банка. Добивме позитивен одговор. Дојде тим од ИСИС направи увид на објектите и таа фаза заврши. Сите три објекти ја поминаа фазата за сеизмичка стабилност и деновиве добивме договор за учество во тој проект кој градоначалникот го потпиша со Министерот за Финансии и следува втората и клучна фаза, тоа е фазата проектирање – вели Спасески.

Самите училишта и локалната треба да утврдат што се им е потребно на овие објекти, а нашиот план е овие три училишта комплетно да се завршат со сите инфраструктурни зафати, посочи Спасески.

Со енергетско ефикасни мерки ќе се направи реконструкција на ООУ „Христо Узунов“, ООУ „Братство Единство“ и дренажа околу објектот во населба Лескајца и на ООУ Св. „Климент Охридски“.