Skip to main content

Спортска инфраструктура

Реконструкција на Градскиот базен Атина Бојаџи

Се реконструира Градскиот базен „Атина Бојаџи“. Просторот околу малиот и големиот базен дополнително ќе биде хортикултурно уреден, а ќе бидат поставени и клупи и чадори.
 |  инфодеск  | 
Градски базен

Започна реконструкцијата на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид. Согласно проектот се изврши расчистување и уредување на целиот простор на Градскиот базен.

Со проектот предвидено е да се изврши подготовка, односно пескарење на површините пред нанесување на заштитна обвивка. Понатаму следува премачкување со специјализирана боја за оваа намена во два слоја. Трибините кај големиот базен кои се уништени ќе бидат санирани и оспособени за користење. Просторот околу малиот и големиот базен дополнително ќе биде хортикултурно уреден, а ќе бидат поставени и клупи и чадори – информираат од Локалната самоуправа на Општина Охрид.

Градски базен

Во наредниот период продолжува инвестирањето во спортската инфраструктура во СРЦ „Билјанини извори“.